РЖ Економика АД Скопје



АД за трговија (резервни делови за машински постројки), изнајмување на имот и деловни активности

адреса: 16 Македонска бригада бр.18, за пошта: П.ФАХ 736 1001 Скопје
email: [email protected] телефон: 389 070 359 832
Овластено лице за контакт со инвеститори: Јасмина Андонова тел. 070 359 832 email: [email protected]

ЗА НАС НОВОСТИ ПРОИЗВОДИ УСЛУГИ ГАЛЕРИЈА КОНТАКТ
 
 

             
          
      

Врз основа на членовите 385, 387 и 388-а од Законот за трговски друштва Одборот на директори на РЖ Економика А.Д. Скопје објавува:


Ј  А  В  Е  Н    П  О  В  И  К
за одржување на презакажано Собрание на акционери
на РЖ ,,Економика,, АД-Скопје

Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 30.05.2024 година во 10 часот во просториите на друштвото на ул.„16-та Македонска бригада“ бр.18 во Скопје.

Имајќи го предвид досегашното позитивно искуство на успешно одржување на Годишното собрание на друштвото со писмена кореспонденција се повикуваат акционерите да учествуваат и да гласаат на Собранието со писмена кореспонденција, по следниот



Дневен     ред
I.Процедурален дел

-утврдување на кворум за работа
-избор на Претседавач на Собранието и бројачи на гласови
-избор на записничар и заверувачи на записникот

II. Работен дел

1. Усвојување на записникот од претходното Собрание
2. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на годишната сметка, финансиските извештаи и Годишниот извештај за работата на друштвото во период од 01.01.2023-31.12.2023 год.
3. Донесување на Одлука за одобрување на работата на Одборот на директори
4. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на ревизорскиот извештај за 2023 година
5. Донесување на Одлука за распоредување на нето добивка од 2023 година
6. Донесување на Одлука за избор на ревизор за 2024 година


Услов за учество во работата на собранието е пријавување на акционерот или овластениот застапник со полномошно.

Материјалите за работа на Седницата и сите дополнителни информации околу гласањето со писмена кореспонденција ќе бидат објавени на web страната на РЖ,,ЕКОНОМИКА,,АД-Скопје   www.rzekonomika.com.mk

                                                                                          Одбор на директори


Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.
Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.
Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на собранието коешто е свикано и/или предлагањето на одлуки за усвојување се испраќа до органот на управување на друштвото, односно до свикувачот на собранието назначен од судот во согласност со овој закон во рок од осум дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на седница на собранието на друштвото.

 

Прилог:

Записник од Собрание на Акционери одржано на 06/06/2023

Годишен извештај за 2023 година

Годишна сметка за 2023 година

Финансиски извештаи за 2023 година

Ревизорски извештај за 2023 година

Предлог - ПЕРК Ревизија за ревизор за 2024 година

Предлог Одлуки

Известување за дадено полномошно

Изјава Полномошно

Образец за гласање со писмена кореспонденција - физички лица

Образец за гласање со писмена кореспонденција - правни лица

Одлуки од Собрание на Акционери одржано на 30/05/2024

Резултати од гласање од Собрание на Акционери одржано на 30/05/2024