Врз основа на член 387 и 388 од Законот за трговските друштва (Сл.весник на РМ бр. 28/04) и одредбите на Статутот на РЖ,,Економика,,АД-Скопје, Одборот на директори, објавува       

Ј  А  В  Е  Н    П  О  В  И  К
за одржување на Собрание на акционери
на РЖ ,,Економика,, АД-Скопје

Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 04.05.2018 година во 10 часот во просториите на друштвото на ул.,,16-та Македонска бригада,, бр.18 во Скопје. Собранието на седницата ќе работи по следниот

Дневен     ред
I.Процедурален дел

-утврдување на кворум на Собранието
-избор на Претседавач на Собранието, бројачи и оверувачи
-избор на записничар

II. Работен дел

1.Усвојување на Записникот од претходното Акционерско собрание
2. Разледување на ревизорски извештај од ТП „Ревизор Бабамов„
3. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на годишната сметка, финансиските извештаи и Годишниот извештај за работата на Друштвото во периодот 2017 год.
4. Донесување на Одлука за одобрување на работата на  Одборот на директори
5. Донесување на Одлука за покривање на акумулирана загуба од резервите
6. Донесување на Одлука за распоредување на добивката по годишната сметка за 2017
7. Избор на ревизор за 2018 година
8. Донесување на Одлука за зголемување на паричниот надоместок за членовите на ОД
9. Разгледување на Годишниот извештај на работењето на СВР за 2017 год. 


Услов за учество во работата на годишното собрание е пријавување на акционерот или овластениот застапник со полномошно. Материјалите за работа на Седницата ќе бидат ставени на увид од 09-12 часот секој работен ден во просториите на РЖ,,ЕКОНОМИКА,,АД-Скопје ул.,,16-та Македонска бригада,, бр.18 во Скопје   www.rzekonomika.com.mk

                                                                                          Одбор на директори

 

Прилог:

Записник од Собрание

Одлуки од Собрание

Предлог Одлуки од Собрание

Годишен извештај за 2017 година

Годишен извештај за 2017 година на СВР

Ревизорски извештај за 2017 година